10cc
10cc ― британска рок-група основана во Стокпорт во 1972 година. Изворни членови биле: Греам Гулдман, Ерик Стјуарт, Кевин Годли и Лол Крем.
10cc | |
---|---|
10cc во 1974 (во насока на стрелките на часовникот, од горе лево): Ерик Стјуарт, Кевин Годли, Греам Гулдман, Лол Крем | |
Животописни податоци | |
Потекло | Стокпорт, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | 10cc.world |
Историја на групата
уредиГрупата 10cc била основана во студиото Strawberry Studios во Стокпорт, каде што четворицата музичари веќе соработувале на различни проекти. Претходно, сите членови на групата имале значајни индивидуални успеси: Греам Гулдман бил еден од најуспешните поп-композитори од 1960-тите, напишал хитови за групи како The Yardbirds и The Hollies, а Ерик Стјуарт бил член на групата The Mindbenders. Кевин Годли и Лол Крем, иако помалку познати, биле вешти музичари и експериментални музичари кои донеле креативна димензија на групата.
Првиот голем успех, 10cc го имале со нивниот сингл „Donna“ (1972), кој се искачил на второ место на британската топ-листа за синглови. Нивниот истоимен прв албум, 10cc (1973), бил добро прифатен, но вистински пробив имале со нивниот втор албум, Sheet Music (1974), кој содржел многу хитови како: „The Wall Street Shuffle“ и „Silly Love“.
Во февруари 1975 година, групата објавила дека се разделува со Џонатан Кинг и дека потпишала со Mercury Records за 1 милион американски долари.[6]
Најголемиот успех групата забележала со албумот The Original Soundtrack (1975). Првата нумера, „Une Nuit A Paris (Една ноќ во Париз) била осумминутна, повеќеделна „мини-оперета“ за која се смета дека има влијание врз „Bohemian Rhapsody“ од Queen. На албумот се наоѓал мегахитот „I'm Not in Love“. Оваа песна, со својата иновативна продукција и употреба на слоевити вокални хармонии, станала светски хит и се смета за еден од најголемите поп-хитови од 1970-тите. Песната била на второ место на американската топ-листа и на прво место во Велика Британија. Следниот албум, How Dare You! (1976), исто така бил успешен со хитовите: „Art for Art's Sake“ и „I'm Mandy, Fly Me“.
Во 1976 година, Годли и Крем ја напуштиле групата поради уметнички разлики и се насочиле на сопствени проекти, каков што бил нивниот експериментален музички проект. Гулдман и Стјуарт продолжиле со 10cc како дует, издавајќи албуми како Deceptive Bends (1977) и Bloody Tourists (1978), на кој се наоѓал хитот „Dreadlock Holiday“, кој се искачил на прво место во Велика Британија.[7]
Годли и Крем забележале култни успеси како дуо за пишување и снимање песни, постигнувајќи неколку хитови и објавувајќи низа иновативни албуми и синглови. Во 1980-тите станале познати и како режисери на музички спотови, креирајќи музички видеа за најпопуларните изведувачи на топ-листите во тоа време, како: Џорџ Харисон („When We Was Fab“), Asia („Heat of the Moment", „Only Time Will Tell“) The Police („Every Breath You Take“), Дуран Дуран („Girls on Film“), Frankie Goes to Hollywood („Two Tribes“), дуетот на Питер Гејбриел со Кејт Буш („Don't Give Up“) и Херби Хенкок („Rockit“).
Сепак, на почетокот од 1980-тите, комерцијалниот успех почнал да се намалува, и по издавањето на неколку помалку успешни албуми, групата се разделила во 1983 година.
Во 1991 година, Гулдман и Стјуарт ја обновиле групата 10cc и издале албум под наслов ...Meanwhile, кој го вклучил и Годли како гостин. Сепак албумот не забележал значителен успех. Групата продолжила да издава албуми и да одржува концерти, но без првичниот комерцијален успех. Ерик Стјуарт ја напуштил групата во 1995 година, оставајќи го Гулдман како единствен оригинален член кој продолжил да настапува под името 10cc.
Во 1999 година, Гулдман повторно ја здружил групата 10сс, во чиј состав биле: тој, Фен, Пол Бурџис и новите членови Мик Вилсон (вокал, гитара) и Мајк Стивенс (вокал, клавијатури, сакс, гитара). Групата со одредени промени во составот е активна и денес.
Членови
уредиСегашни членови
- Греам Гулдман – бас-гитара, водечки и придружни вокали, ритам-гитара, перкусии (1972–1983, 1991–1995, 1999–денес)
- Пол Бурџис – тапани, перкусии, придружни вокали, клавијатури, вибрафон (1976–1983, 1999–денес; член на турнеја 1973–1976)
- Рик Фен – главна гитара, придружен и водечки вокал, бас гитара, клавијатури (1976–1983, 1993–1995, 1999–сега)
- Кит Хејман – клавијатури, бас гитара, ритам гитара, придружен вокал (2006–2011, 2016–сега)
- Ијаин Хорнал – водечки и придружни вокали, ритам гитара, ударни инструменти, клавијатури (2018–денес; замена 2014–2018)
Дискографија
уреди- 10cc (1973)
- Sheet Music (1974)
- The Original Soundtrack (1975)
- How Dare You! (1976)
- Deceptive Bends (1977)
- Bloody Tourists (1978)
- Look Hear? (1980)
- Ten Out of 10 (1981)
- Windows in the Jungle (1983)
- ...Meanwhile (1992)
- Mirror Mirror (1995)
Наводи
уреди- ↑ „The Quietus - Reviews - 10cc“. The Quietus. 4 December 2012. Посетено на 2 December 2015.
- ↑ Stannard, Joseph (13 October 2010). „Are You Normal? 10cc's Graham Gouldman Interviewed“. The Quietus. Архивирано од изворникот 17 March 2016. Посетено на 24 July 2016.
- ↑ Breithaupt, Don; Breithaupt, Jeff (2000), Night Moves: Pop Music in the Late '70s, St. Martin's Press, стр. 71, ISBN 978-0-312-19821-3, Архивирано од изворникот 13 January 2023, Посетено на 24 July 2016
- ↑ „Not in Hall of Fame - 466. 10cc“. notinhalloffame.com. Архивирано од изворникот 8 December 2015. Посетено на 2 December 2015.
- ↑ Gaunt, Jeremy (12 August 2013). „10cc still exploring darker side of human nature, pop-style“. Reuters. Посетено на 23 June 2023.
- ↑ Dave Thompson (2002). The Music Lover's Guide to Record Collecting. Backbeat Books. стр. 465. ISBN 978-1-61713-202-5.
- ↑ Pop Scene – Australia's International Pop Magazine, issue No 2, Gordon and Gotch, 1977.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница на 10cc.
- Официјална веб-страница на фан клуб од 10cc
- 10cc Myspace
- 10cc од годините на Warner Bros во Webstarts
- 10cc на WordPress
- Прегледано: 10cc Live во Бирмингем Обединетото Кралство во списанието Rocker
- Поткастот „Consequences 10cc“ посветен на 10cc и Godley & Creme, со посебен фокус на нивниот албум „Consequences“