Цементарница Усје

(Пренасочено од „Цементарница Усје“)

Цементарница УСЈЕ АД е производител на цемент и други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, која е мултирегионален производител на цемент, Цементарница УСЈЕ АД е современа компанија и активен член на заедницата. Компанијата е сместена во Скопје, главниот град на Република Македонија. Цементарница УСЈЕ АД започна да произведува цемент во 1955 година, а денес вработува повеќе од 300 луѓе[1]. Цементарница УСЈЕ АД е една од најголемите компании во земјата и се вбројува меѓу врвните 20 компании според профитот и резултатите.

„Цементарница УСЈЕ АД Скопје“
претпријатије Скопје
Видфабрика
ДејностПроизводство
Основано1955
Седиштебул.Александар Македонски 12, Скопје, Македонија, ,
Клучни личности
Константинос Дердемезис – Претседател, Борис Хрисафов - Главен извршен директор
Производицемент, градежни материјали
Вработени
300
Мреж. местоhttp://www.usje.com.mk/

Историјат

уреди

Изобилието на суровина (лапорец) во околината на Скопје во 50-тите години била главната причина за изградба на фабрика за цемент во близина на каменоломот, па така фабриката почнала да се гради во 1952 година во областа означена за индустриски развој. Изградбата завршила и првата ротирна печка на УСЈЕ започнала со пробна работа во април 1955 година. Втората ротирна печка била пуштена во употреба во 60-тите години.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје, потребата за цемент значително пораснала, што довело до инсталирање на трета и четврта ротирна печка според сувиот метод, со употреба на предгревател од германската фирма Polysius во 1967 и 1973 година. Паралелно со зголемувањето на производството на клинкер, биле инсталирани нови млинови за цемент.

Копот за варовник Говрлево бил отворен во 1977 година.

Паралелно со зголемувањето на производните капацитети, имало постојани подобрувања во квалитетот на цементот. Во 70-тите години, УСЈЕ произведувал цемент ПЦ 450 и хидрауличното врзивно средство Усјемал, кое било лансирано во 1978 година.

УСЈЕ растел многу брзо, преку инвестирање и опремување со најсовремена технологија, што овозможувало пониски трошоци на производство, безбедни услови за работа и заштита на Животната Средина.

Во 1980-1982 година, печките 3 и 4 се унапредиле и работата на старите печки 1 и 2 престанале во 1983 и 1984 година.

Во 1994 година, се изградила и започна со работа нова фабрика за производство на ЕПС изолационен материјал, кој почнала да се продава на пазарот под заштитеното име УСЈЕПОР.

Во 1998 година, трансформацијата на сопственичкиот капитал донело нови сопственици во УСЈЕ, Титан Групација и Holcim.

Постојаниот раст на Цементарница УСЈЕ АД резултирал со старт на фабриката за производство на Готов Бетон во 2000 година.

Заштита на животна средина

уреди

Заштитата на Животната Средина е од посебно значење за Цементарница УСЈЕ АД, која направила значителни вложувања во материјални и човечки ресурси, кои вклучуваат:

- Инсталирање на вреќасти филтри во млиновите за цемент 4, 5 и 6 во 1999 година (први во Југоисточна Европа);

- Отстранување на електростатичките и поставување вреќести филтри на линијата 3 и реконструкција на ладилниот систем за клинкер на ротирна печка 3 во 2000 година;

- Инсталирање на вертикален млин за мелење петрол кокс и реконструкција на систем за ладење на ротирна печка 4 во 2001 година;

- Отстранување на електростатичките и поставување вреќести филтри на линијата 4 во 2002 година.

- Воведување и спроведување на стандардите ISO 9001:2000 од 2004 година и ISO 14001:2004 за Заштита на Животната Средина од 2006 година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Group, TITAN. „TITAN - About USJE“. www.usje.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2018-08-21.