Шушенски Бор
Шушенски Бор (руски: Шушенский бор) — национален парк што се состои од две претставителни шуми на крајниот југозапад на Сибир, во северниот дел на Западните Сајански планини. Северниот дел е лесостепа, а јужниот дел е планинската четинарска шума. На јужниот дел од паркот се граничи со вештачко езеро на реката Јенисеј зад Сајано-Шушенската хидроелектрана, најголемата хидроелектрана во Русија. Шумата има важна биоразновидност и рекреативно значење за планинарење и туристите. Сместен е во Шушенскиот дистрикт во Краснојарски крај.[1]
Национален парк Шушенски Бор | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Краснојарски крај Русија |
Најблизок град | Шушенско |
Површина | 392 км2 |
Воспоставен(а) | 1995 година |
Топографија
уредиШумата се состои од две секции: помала („Перовски“), што е релативно рамна лесостепа, 60 км северно од планинскиот венец Западен Сајан и многу поголема „Планинска секција“ на северните падини на Западен Сајан. Шумата ја покажува транзицијата помеѓу две климатски зони - лесостепи и тајга, како и различни видови дрвја и шуми на различна надморска височина. Перовскиот дел ( зона на лесостепа, 4,410 ха) и Планинскиот дел (Западен Сајан, 34,760 ха) заедно имаат површина од 39,170 ха.[1]
Западните и јужните граници на паркот се формирани од Сајано-Шушенското езеро, јужно од Сајано-Шушенската хидроелектана.
Во планинската секција доминира масивот Борус, висок гребен со пет врвови. Највисокиот врв е Мт Поилово висок 2,309 м.[2]
Клима и екорегион
уредиКлимата во националниот парк Шушенски Бор е „ умереноконтинентална клима “ ( Кепенова класификација на климата Dfb), со големи сезонски температурни промени, со топли и суви лета и ладни зими.[3]
Шушенско, (Русија) Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
0,5
7
−15
|
0,4
13
−13
|
0,4
30
5
|
0,9
50
27
|
1,7
66
39
|
2,3
77
51
|
3
80
56
|
2,8
76
51
|
1,9
64
39
|
1,3
46
27
|
0,8
26
8
|
0,6
12
−7
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: climate-date.org |
Планинскиот дел на Шушенски Бор припаѓа на екорегионот „Четинарска шума на планината Сајан“ (WWF ID # 509).[4] Овој екорегион го опфаќа централниот дел на сибирските планини, во транзиционата зона помеѓу сибирската тајга и монголската степа. Флората и фауната во паркот се различни во зависност од релјефот и надморската височина на паркот.
Флора
уредиСо исклучок на тундрата на врвот на масивот Борус, шумата припаѓа во субалпската зона и е поделена на три подзони. Над 1,400 м, преовладува тајгата со светлоиглолисни четинари. Од 900 до 1,400 м е тајга со темноиглолисни четинари. Под 900 м се наоѓа црна борова тајга на богато алувијално земјиште.[4] Во пролетта, алпските ливади стануваат зелени и цветаат.
Фауна
уредиВо паркот живеат бројни цицачи како што се: зајак, црвена верверица, кафеава мечка, лисица, елен, срна, мошусен елен, лос и дива свиња.[1] Податоците за птиците укажуваат на присуство на 272 видови, вклучително и сури орел (Aquila chrysaetos), орелот рибар (Pandion haliaetus) и црниот штрк (Cinonia nigra).[2]
Туризам
уредиПланинарењето и екотуризмот се популарни поради оддалеченоста и разновидноста на теренот, растенијата и животните. . Постојат добро развиени образовни патеки, а паркот нуди водичи и услуги. Посетителите мора да се регистрираат и да купат билет за планинската секција од паркот. Паркот исто така организира крстарење по езерото (понекогаш наречено „Сајанско Море“).[2]
Користена литература
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Official Site, National Park "Shushensky Bori"“ (руски). FGBU Shushensky Bor. Архивирано од изворникот на 10. 01. 2016. Посетено на 10. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „Borus Massif, Sushensky National Park“. EcoSiberia. Архивирано од изворникот на 4. 03. 2016. Посетено на 10. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Climate Data, Kosh-Agach“. climate-data.org.
- ↑ 4,0 4,1 „Sayan Montane Conifer Forest“. Encyclopedia of Earth. Посетено на 11. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)