Мал нуркач

(Пренасочено од Шутка (птица))
Мал нуркач
Шутка
Перја во сезона на парење
Нормални перја
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Ред: Podicipediformes
Семејство: Podicipedidae
Род: Tachybaptus
Вид: T. ruficollis
Научен назив
Tachybaptus ruficollis
(Pallas, 1764)
     Парење      Низ годината      Во зима
Синоними

Podiceps ruficollis

Tachybaptus ruficollis
Tachybaptus ruficollis

Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од семејството нуркачи која е распространета во Стариот Свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.

Физички опис

уреди

Најмал од сите нуркачи. Масата на телото изнесува 110-370 g, а должината на крилјата 90–111 мм. Општата боја на врвот е црно-кафеникава, а долниот дел е валкано бел. Образите и предниот дел од вратот се костенливо-црвеникави, боковите на телото се црно-кафеникави со светли шари. Летачките пердуви се кафеави, на сложеното крило е видлив бел одблесок. Клунот е црн со бел врв. Очите се жолти, а шареницата на окото е црвеникаво-кафеава. Тарзусот и стапалата се сивкаво-зелени.

Општата боја на зимското перје е посветла и позаматена. Нема костенливо-црвена боја на образите и предниот дел од вратот. Светлата жолтозелена боја на аголот од устата отсуствува. Меѓутоа, од останатите нуркачи во овој период се разликува по окер-црвената боја.

Подвидови

уреди

Во зависност од големината и тоновите на бојата се разликуваат 9 подвидови од оваа птица:

  • T. r. ruficollis — Европа, Северна Африка.
  • T. r. iraquensis — југоисточен Ирак, југозападен Иран.
  • T. r. capensis — Африка на југ од Сахара, Мадагаскар, Шри Ланка, Индустан на исток до Мјанмар.
  • T. r. poggei
  • T. r. philippensis
  • T. r. cotobato
  • T. r. tricolor
  • T. r. volcanorum
  • T. r. collaris.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Tachybaptus ruficollis. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 2008-11-01.