Што се случува во Вегас...

Што се случи во Вегас... (англиски: What Happens in Vegas...) е американски комедијафилм на од 2008 год. Од првото фрлање на коцката, беше очигледнот дека Што се случи во Вегас брзо ќе заврши пред камерите. Воодушевени од фантастичната презентација на сценаристите Дејн Фокс и продуцентот Мајкл Агилар, Twentieth Century Fox веднаш го прифати сценариото и комедијата добила зелено светло. После тоа, во проектот се приклучиле Камерон Дијаз и Ештон Кучер, а за режисер е одбран Том Воган.

„Што се случи во Вегас...
(What Happens in Vegas...)“
РежисерТом Воган
ПродуцентМајкл Агилар, Дин Георгарис
СценаристДана Фокс
Главни улогиКамерон Дијаз
Ештон Кучер
Жанркомедија
МузикаКристоф Бек
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера9 мај 2008
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$35,000,000
Бруто заработка$211,622,065
(низ целиот свет)

Синопсис уреди

За харизматичниот зависник на забави Џек Фулер (Ештон Кучер) и забавната работничка на трговска берза Џој МекНели (Камерон Дијаз), дивиот викенд кој во игра на случаи го поминуваат заедно во Лас Вегас требаше по правилата да остане само матни спомени. Тоа би се случило ако овие двајца Њујорчани немаат потпишано венчален лист како шокантен потсетник на катастрофална идеја која во најдобар стил во Лас Вегас, претходната ноќ ја направија со сосема чист разум. Како работите би биле уште поинтересни, не само што Џек и Џој склопиле брак, туку после тоа заедно освоиле неверојатни три милиони долар во казино. Поточно, Џек ги освоил користејќи го жетонот на Џој, на автоматот на кој таа пред тоа играла. Или било обратно? И чии се сега тие пари? Така изгледа необичната ситуација која ги запрепастила овој срамежлив пар кои своите заеднички проблеми ги носат назад на Менхетн, каде судијата Вупер ги осудува на ‘шест месеци тежок брак’. Тоа го заклучува нивниот заеднички живот, неделните посети кај брачен советник, и воопшто нешто што старомодниот Вупер верува дека нивната млада генерација мрази – навистина се потрудила. Во спортивно, судијата им гарантира, дека освоените три милиони долар ќе бидат долго провлечени кон судска парница да на крајот никој ништо да не добие, освен скапи адвокати. Ќе можат ли Џек и Џој да ги преживеат своите шест месеци на брачен живот без да се испоубијат и да ги задржат освоените пари?

Глумци Ликови
Камерон Дијаз Џој МекНели
Ештон Кучер Џек Фулер
Квин Латифа Д-р Твичел
Роб Кодри Џефри Луис
Лејк Бел Тони Саксон
Трит Вилијамс Џек Фулер (постариот)