Штит од Кутлеш
Штит од Кутлеш (грчки: Ασπίδα από τον Βασιλικό Τάφο στην Βεργίνα) — древномакедонски погребен предмет од античкиот град Ајга кај денешното село Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. Се вбројува меѓу најскапоцените наоди пронајдени при ископувањето на Македонските кралски гробници. Датира од IV век п.н.е. и пронајден е меѓу предметите со кои е погребан кралот Филип II Македонски.[1] Според некои теории, штитот му припаѓа на кралот Филип III Аридеј, за кој се смета дека е погребан во истата гробница.[2]
Штит од Кутлеш | |
---|---|
Вид | церемонијален штит |
Материјал | дрво, кожа, стакло, злато, слонова коска |
Симболи | фигури и лавови |
Создаден | IV век п.н.е. |
Период/култура | Македонско Кралство |
Откриен | 1977 Македонски кралски гробници, Ајга (Кутлеш, Берско, Егејска Македонија) 40°29′14″N 22°18′56″E / 40.4872° СГШ; 22.3155° ИГД |
Сегашна локација | Музеј на Македонските кралски гробници, Кутлеш |
Култура | Македонија |
Штитот има облик на аспис (или хоплон, голем кружен тежок штит), но побогато украсен и изработен од дрво, кожа, стакло, злато и слонова коска.[1] Предниот дел има геометриска шарка од слонова коска по крајот на штитот, а златен венец опфаќа две фигури од слонова коска во средиштето. Поради изабеноста фигурите не се сосем јасни, но изгледа се работи за две машки фигури кои се извишуваат над помала женска фигура. На обратната страна има богато украсена златна дршка во облик на буквата „Т“ со цветни елементи по краевите. Близу средината на рачката во злато се издлабени два мали лава.[2] Стручњаците ги сметатаат овие фигури за симбол на власт или царственост, што се вклопува со материјалите и изведбата на другите предмети во гробницата.[1]