MP 40 (МР скратеница од Maschinenpistole прев. автоматски пиштол) биле автомати произведувани во Нацистичка Германија за време на Втората светска војна, од 1939 до 1945 година. Тие биле користени од сите гранки на Германската армија. МР 40 е познат по релативно ниската каденца (темпо на стрелање).

Користење уреди

МР 40 е усовршена верзија на МР 38, кој пак бил следбеник на автоматот на Berthold Geipel како MP 34 и MP 35. Сите овие автомати биле слични, но МР 40 бил најнапреден и најпрактичен. Затоа биле произведени преку 1.100.000 за време на Втората светска војна.

МР 40 често бил погрешно нарекуван „шмајзер“ иако Хуго Шмајсер (познат конструктор и производител на оружје) немал никаква врска ниту со конструирањето ниту со производството. Конструктор бил Хајнрих Волмер, а производител Ерма Верке. Подоцна Шмајсер го конструирал МР 41, варијанта на МР 40 но со дрвен кундак, исто како претходниците на МР 40.

MP 40 не бил масовно користен од Германската армија на фронт. Исклучително доверлив и практичен, мал и компактен (особено верзијата со преклоплив кундак), најдобри резултати давал на растојание до 100 метри. Затоа бил редовно користен од најголемиот број полициски единици во градски урбани места.

Копии и други варијанти по војната уреди

МР 40 имал подоцни копии и по Втората светска војна произведувани од повеќе земји:

  • По продукцијата на ова оружје, британскиот автомат Sten бил направен на многу сличен начин и го користел истиот шаржер како МР 40
  • Шпанската компанија „Star Bonifacio Echeverria“ го направила оружјето Star Modelo Z-45, варијанта на МР 40
  • Југословенската Народна Армија (ЈНА) користела оружје коешто имало надворешна сличност со МР 40, а тоа бил автоматот Застава М56 (рус.), во калибар 7,62 мм Токарев. За овој автомат се користеле и бајонети.
  • Норвешката армија произведувала и користела варијанти на МР 40 сѐ до 1990-тите години на минатиот век.
  • По војната, во Израел и Палестина сѐ уште го користеле МР 40 сѐ до 1956 година.
  • Неколку МР 40 автомати се користеле во војната во Косово, 1999 година.
  • Два примерока од МР 40 се користеле во борбата на LAPD SWAT против терористичка група, мај 1974.

Корисници уреди

Галерија уреди

Надворешни врски уреди