Ширјоо
Ширјоо (死霊) во јапонскиот фолклор се душите на мртвите. Тие се спротивни на икирјоо, кои се душите на живите.[1]
Историја
уредиКласичната книжевност и фолклорните записи оставиле многу спомнувања за ширјоо, и тие имаат различни однесувања. Според јапонскиот речник „Кооџиен“, тие се сметале за онрјоо („одмаздољубиви духови“) кои ги опседнувале луѓето и им фрлале „татари“ (клетви или проклетства),[1][2] но освен опседнување на луѓето, и содавајќи им страдања како што биле способни икирјоо духовите, постојат и приказни во кои тие ги бараат оние луѓе кои се самоубиле, остануваат или се врзани за местата каде што умреле, и им се појавуваат на луѓето со кои се блиски, поздравувајќи ги, и притоа обидувајќи се да ги убијат за да им прават друштво на другиот свет.[3]
Во Тооно Моногатари, постои приказна во која еден човек починал, а потоа, неговиот ширјоо се појавил пред неговата ќерка и се обидел да ја земе со себе. Ќерката се исплашила, успевајќи да ги повика роднините и пријателите да дојдат, но дури и тогаш таткото се појавил и се обиде да ја одведе. По еден месец, тој конечно престанал да се појавува.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 新村出 編 (1991). 広辞苑 (第4版. изд.). 岩波書店. стр. 1311頁. ISBN 978-4-00-080101-0.
- ↑ 新村出編 (1991). 広辞苑 (第5版. изд.). 岩波書店. стр. 1360頁. ISBN 978-4-00-080111-9.
- ↑ 今野円輔 (2004). 日本怪談集 幽霊篇. 中公文庫. 下. 中央公論新社. стр. 13–38頁. ISBN 978-4-12-204465-4.
- ↑ 柳田國男 (2004). „遠野物語拾遺“. 遠野物語. 角川ソフィア文庫. 角川書店. стр. 153頁. ISBN 978-4-04-308320-6.
- ↑ 今野円輔 (2004). 日本怪談集 幽霊篇. 中公文庫. 上. 中央公論新社. стр. 194–195頁. ISBN 978-4-12-204464-7.