Широко пространство

„Широко пространство“ (англиски: The Great Outdoors) е американски филм од 1988 година, во режија на Хауард Дач. Главните улоги ги толкуваат: Ден Ајкројд и Џон Кенди.

СодржинаУреди

Чет (го игра Кенди) е семеен човек од Чикаго, кој го носи семејството на одмор крај едно езеро. Иако сопругата и децата не се многу расположени за одморот, Чет има големи надежи за одморот. Меѓутоа, тие се распрснуваат кога неговиот омразен шура Роман Крег (го игра Ајкројд) ќе налета со своето снобовско семејство.[1] [2]

НаводиУреди

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 24.
  2. „Широко пространство“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 27.