Широките полиња на обичноста (2009)

„Широките полиња на обичноста“ (2009 година) е роман за млади од американскиот писател Ник Бард. Романот раскажува за летото по матурирањето на тинејџер од предградијата, кој ја крие својата хомосексуалност. Останатите главни карактери во книгата се неговата нова најдобра другарка која е лезбијка и двете момчиња кои му се симпатични: едниот е латино спортска ѕвезда кој игра американски фудбал, а другиот е дилер на дрога. Оваа книга е првиот роман на Бард.

Романот ја освои наградата „Стоунвол“ на Американската асоцијација на библиотеки во категоријата книжевност за деца и млади.[1] Тој исто така беше финалист за книжевната награда „Ламбда“ за ЛГБТ книжевност за деца и млади.[2] Списанието „Буклист“ ја вклучи оваа книга на Списокот на виножитото за 2010 година[3] -- библиографија на книги за млади кој вклучуваат значителна тематика позврзана со ЛГБТ. Според „Њујорк Тајмс“, „Широките полиња на обичноста“ е една од најзначајните книги издадени во 2009 година.[4]

Поради овој роман, списанието „Аут“ го вклучи Ник Бард на списокот „Аут 100“ меѓу стоте личности кои направиле значајни придонеси за ЛГБТ културата и политиката во 2009 година.[5]

Наводи

уреди
  1. admin (2010-01-19). „Stonewall Book Awards for 2010 announced“. News and Press Center (англиски). Посетено на 2020-05-27.
  2. „Finalists announced for the 22nd Annual Lambda Literary Awards | Lambda Literary“ (англиски). Посетено на 2020-05-27.
  3. „Rainbow List: 2010, by | Booklist Online“. www.booklistonline.com. Посетено на 2020-05-27.
  4. „Notable Books of 2009“. query.nytimes.com (англиски). Посетено на 2020-05-27.
  5. „Out100 2015“. www.out.com (англиски). Посетено на 2020-05-27.