Ширина на фреквенциски опсег

Ширина на фреквенцискиот појас, скратено фреквенциски опсег или честотен опсег – ширина на фреквенцискиот интервал на комуникацискиот канал кој се користи за комуникација меѓу предавателната и приемната страна.

Ширина на фреквенцискиот појас: разлика меѓу горната и долната гранична фреквенција.

Фреквенцискиот опсег може да се искаже и како разлика меѓу долната и горната гранична фреквенција на сигналот или опсегот на фреквенции кои ги користи некоја опрема. Мерка за ширина на фреквенцискиот појас е херц.

ПојаснувањеУреди

Фреквенцискиот опсег е централен поим во телекомуникациите, со значајно влијание во многу области вклучувајќи ја информатиката, радиокомуникациите, обработката на сигнали и спектроскопијата.

Со оглед дека во денешно време надвладува областа на дигиталните над аналогните телекомуникации, поимот на фреквенциски опсег, благодарение на теоремата за земање на примероци, тесно е поврзан со поимот проток на податоци, односно ширината на фреквенцискиот опсег за количината податоци која може да се пренесе преку комуникацискиот канал во единица време.

ПримерУреди

Како пример може да се даде фреквенцискиот опсег на фреквенциите на говорен канал. Најниската фреквенција на говорниот канал е f1=300 Hz, а највисоката f2=3000 Hz. Така ширината на фреквенцискиот појас на говорен канал е:

ШФП = f2-f1 = 3000-300 = 2700 Hz.

Дигитални телекомуникацииУреди

Ширината на фреквенцискиот појас во дигиталните телекомуникации е количината на податоци која во одреден временски период се разменува меѓу предавателната и приемната страна. Единица за ширина на фреквенцискиот појас е b/s.

ИнтернетУреди

Потребата за поголема ширина на фреквенцискиот појас постојано расте, како во магистралната, така и во пристапната телекомуникациска мрежа. Така од некогашната модемска врска преку телефонска линија, преку АДСЛ, се стигна до обезбедување на пристап од 1 Gb/s преку оптички пристап.

ЛитератураУреди

  • Frenzel, Louis E. Principles of Electronic Communication Systems. Glencoe/McGraw-Hill. стр. 23. ISBN 978-0-02-800409-9.

Надворешни врскиУреди