Пристапна мрежа
Пристапната мрежа е дел од телекомуникациската мрежа која ги поврзува претплатниците до нивните оператори за разлика од базичната мрежа (кор мрежа) која ги поврзува телекомуникациските јазли во мрежата на еден оператор и ги поврзува мрежите на различни оператори.
Телефонско наследство
уредиПристапната мрежа ги опфаќа жиците, каблите и опремата кои се наоѓаат меѓу крајната корисничка телефонска точка и локалната телефонска централа. Локалната централа се состои од автоматска комутациска опрема која обезбедува насочување и поврзување од и до корисникот. Пристапната мрежа е едно од најстарите средства што телекомуникацискиот оператор ги поседува и постојано еволуира, растејќи со бројот на нови корисници и нови понудени услуги. Ова ја прави пристапната мрежа една од најкомплексните мрежи во светот, како за одржување така и за следење.
Пристапната мрежа можеби е највредното средство кое го поседува операторот со оглед дека истото му овозможува да нуди услуги.
Бакарните пристапни мрежи се состојат од бакарни парици кои ги поврзуваат крајните корисници со централата односно со опремата во централната локација. Оптичките пристапни мрежи се состојат од оптички влакна кои ги поврзуваат крајните корисници со опремата во централната локација. Безжичните пристапни мрежи се состојат од мрежа на радио-примопредајници кои обезбедуваат врска на терминалните кориснички уреди со централната локација преку радиобранови.
Пристапната мрежа е суштинска за идната профитабилност на операторите кои се судираат со масовни намалувања на приходите од телефонски услуги, делумно заради отворање на монополските компании за конкуренција, и уште повеќе заради зголеменото користење на услугите на мобилната телефонија и бесплатни апликации за разговор преку интернет. Операторите понудија нови услуги како хДПЛ (х Дигитална претплатничка линија) и телевизија преку ИП за да го зачува профитот. Пристапната мрежа повторно е главна пречка за достигнување на овие профити со оглед дека светските оператори имаат сигурни податоци за 40% до 60% од нивните пристапни мрежи. Без познавање на одликите на овие огромни бакарни мрежи, многу е тешко и скапо да се поврзат нови корисници и да се обезбедат податочни брзини кои се бараат за обезбедување на услуги од новата генерација. Еволуирајќи пристапните мрежи ширум светот сè повеќе ја вклучуваат оптичката технологија. Оптиката веќе сочинува поголем дел од базичните мрежи (кор мрежи) и се шири сè поблиску и поблиску до корисникот, сè додека не се постигне целосен премин, испорачувајќи услуги преку оптика до домот (ОДД, FTTH – Fibre To The Home).
Пристапен процес
уредиПроцесот на комуникација со мрежата почнува со обид за пристап, при кој еден или повеќе корисници имаат интеракција со комуникацискиот систем за да се овозможи трансфер на корисничка информација. Самиот обид за пристап почнува со генерирање на барање за пристап од пристапен изворишник.
Обидот за пристап завршува или со успешен пристап или со неуспешен пристап (грешка при пристап) кој резултира со завршување на обидот со што било освен трансфер на корисничка информација меѓу изворот и одредиштето во специфицираното максимално пристапно време.
Грешката при пристап може да биде резултат на испад на пристап, блокирање на корисникот, некоректен пристап или одбивање на пристапот.
Тарифирање на пристапот
уредиТарифирање на пристапот е тарифирање кое го врши локалниот оператор за користење на неговите централни уреди за генерирање или терминирање на мрежен сообраќај кој се пренесува до или од други централни уреди.
Безжични пристапни мрежи
уредиОптички претплатнички мрежи
уредиПасивната оптичка претплатничка мрежа користи едномодно оптичко влакно, оптички сплитери и оптички разделници, дуплексирано така што двата сигнала (конмрежен/апстрим и конклиентен/даунстрим) го делат истото влакно на различни бранови должини. Побрзите стандарди за ПОМ генерално поддржуваат поголема стапка на корисници по ПОМ, но може да доведат до користење на засилувачи при потреба од дополнително покривање.
Оптичките сплитери кои се користат во топологијата точка до повеќе точки (point to multipoint) ја користат истата технологија без разлика на типот на системот на ПОМ, правејќи ја секоја ПОМ надградлива со промена на оптичките мрежни терминали (ОМТ) и оптичките линиски терминали (ОЛТ) на секој крај, со минимални промени на физичката мрежа.
Пристапните мрежи вообичаено ги поддржуваат технологиите точка до точка (point to point) како Етернет, која го премостува надворешниот сплитер за да стигне до доделената врска во централната локација. Некои ПОМ мрежи користат „хоум ран“ (home run) топологија каде уличните кабинети содржат само преспојни панели (печ панели), така што сите сплитери се сместени централно. При ова може да се очекуваат повисоки инвестициски трошоци од 20%, но и поконкурентен големопродажен пазар бидејќи опремата може да постигне поголема искористеност.[1]
Оптички претплатнички мрежи во Македонија
уредиВо Македонија оптичка претплатничка мрежа во 2009 година почна да гради Македонски Телеком со проектот „оптика до домот“[2].
Покрај Македонски Телеком, оптика до домот на корисниците им нуди и операторот Неотел[3]
Според годишниот извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ Агенцијата за електронски комуникации за 2016 година[4], бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа изнесува 21.741 претплатник, односно 5,70% од вкупниот број на претплатници на интернет во Република Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „FTTH Council Europe - FTTH Business Guide v2.0“. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 2015-09-09.
- ↑ Годишен извештај за 2009 година на Македонски Телеком
- ↑ Оптик пакети
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2016 година“. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 2017-10-14.
Надворешни врски
уреди- „The Network Story“. British Telecom. 2005. Архивирано од изворникот на 2010-05-05. Посетено на 2015-09-09. Interactive presentation introducing the technology and design of access networks