Шиптар
Шиптар (албански: Shqip(ë)tar) е словенизиран облик на етнонимот со кој Албанците се нарекуваат самите себеси.[1][2][3][4][5]
Називот „Шиптари“ (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народноослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними „Арбанаси„, „Арнаути“, како и „Шипнија“ (Shqipëri, Shqipni) наместо „Арбанија“ (т.е. Албанија). Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. На практика, меѓутоа, за разлика од првобитната намера, се случило токму обратното. Регионализираниот израз се употребувал како средство за разликување на припадниците на албанската народност во Југославија од Албанците во Албанија и ширум светот.[6] Со текот на времето овој назив добива и негативна конотација. Токму поради тоа, во Југославија се забранува употребата на овој назив и наместо него се употребува единственото национално име — Албанци.[6]
Во Македонија, овој назив беше причината за огромниот скандал во 2009 година, кога МАНУ ја издаде Македонската енциклопедија во која Албанците беа наречени „Шиптари“,[4] па потоа беше повлечена од употреба заради големиот број на приговори.
Во Србија, зборот има статус на политички некоректен[7] и се употребува само од националистички автори и Српската православна црква.[7] Интересно е што поимот кај младите станал жаргон кој има сосема различно значење, па се употребува дури и како замена за „добар другар“ или „драга личност“ (само во Србија).[8]
Зборот „Шиптар“ се смета за навредлив и политички некоректен во српски, македонски и другите јужнословенски јазици.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Vladimir Arsenijević, Naše crnje“. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ „Jovan Ćirilov, Albanac ili Šiptar“. Архивирано од изворникот на 2010-02-10. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ „Prestati sa govorom mržnje i prikrivanjem činjenica o Kosovu“. Архивирано од изворникот на 2011-10-08. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ 4,0 4,1 Албанците во енциклопедијата - „шиптари“
- ↑ „Albance u ekciklopediji nazvali „planinskim ljudima"“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ 6,0 6,1 „Dimitrije Bogdanović, Knjiga o Kosovu“. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ 7,0 7,1 Upotreba termina Šiptari na sajtu NSPM
- ↑ Rečnik žargona: šiptar