Шехзаде Сулејман (син на Орхан I)
Сулејман Паша (1316-1357) — најстариот син на Орхан I, вториот бег на новоформираното Отоманско Царство.
Шехзаде Сулејман | ||
Роден | 1316 Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1357[1][2] Отоманско Царство | |
Занимање | османлиски принц | |
Татко | Орхан I |
Сулејман е познат по тоа што под негово раководство во 1354 година Османлиите за првпат стапиле на европскиот континент преминувајќи ги Дарданелите. Неговиот напад бил сосема изненадувачки и својата опсада и зазимање на тврдината Цимпе ја започнал со 3.000 војници. Византија во тоа време се наоѓала во Граѓанска војна меѓу династиите Кантакузин и Палеолог. Кантакузин наместо да се обиде да ги отстрани напаѓачите на Цимпе, тој ја поддржал оваа опсада и го замолил за помош на Орхан против неговиот соперник. Така околу 10,000 османлиски војници биле испратени во околината на Галиполе на чело со Сулејман и ја зазеле тврдината.
Кантакузин му понудил на Сулејмен 10,000 дукати како награда за зазимањето на тврдината по кое тој требал да се повлече, но пред да биде направена зделката во реонот се случил силен земјотрес по кое ѕидините на околните тврдини биле целосно уништени. Османлиските сили ова го виделе како порака од господ (Алах) кој испратил порака во нивна корист и дека започнало освојувањето на Ветената земја. Двајцата капетани на Сулејман веднаш го окупирале Галиполе и без проблем го зазеле без никаков отпор од населението. Откако Сулејман разбрал дека Галиполе бил окупиран, тој одбил да го предаде Цимпе. По ова наредил брза изградба на тврдината околу Галиполе. Византискиот цар реагирал кај Орхан кој му одговорил дека тоа не било силата на оружјето туку Божја волја пројавено со земјотрес.
Сулејман бил сметан за пресолонаследник на османлискиот престол. Сепак тој починал пред неговиот татко кога случајно паднал од својот коњ. Тој не бил погребан во Бурса туку по наредба на Орхан било изградено турбе во Болајир, на брегот од Дарданелите.
Наводи
уреди- ↑ Pay, Salih. Rumeli Fatihi Osmanlı Şehzadesi: Gazi Süleyman Paşa. Uludağ Üniversitesi İlâhiyat Fakültesi Dergisi, Cilt: 18, Sayı: 1, s. 279-297. 2012-08-28. URL:http://home.uludag.edu.tr/users/ucmaz/PDF/ilh/2009-18(1)/M13.pdf. Accessed: 2012-08-28. (Archived by WebCite® at http://www.webcitation.org/6AG1FzObu)
- ↑ Предлошка:Web kaynağı