Шапка (филм од 1962)
„Шапка“ (француски: Le Doulos) — филм на режисерот Жан-Пјер Мелвил (Jean-Pierre Melville) од 1962 година. Мелвил е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Жан-Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo), Серж Реџани (Serge Reggiani), Жан Десаи (Jean Desailly), Фабијан Дали (Fabienne Dali), Мишел Пиколи (Michel Piccoli), Рене Лефевр (René Lefèvre), Марсел Кивелје (Marcel Cuvelier) и Џек Леонард (Jack Leonard).[1]
Синопсис
уредиСамо што излегува од затворот, Морис (го игра Реџани) го убива Жилбер и го краде неговиот плен. Исто така, тој подготвува уште еден грабеж и бара помош од својот пријател Силијан (го игра Белмондо). За време на кражбата, Морис е ранет во престрелка со полицијата. Убеден дека е предаден од Силијан, Морис бара одмазда, а во меѓувреме, Силијан го спроведува својот план...