Шангаиран (филм од 1915)
Шангаиран (англиски: Shanghaied) - американски филм од 1915 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance).[1]
Содржина
уредиЕден скитник (го игра Чаплин) е вљубен во убавата ќерка (ја игра Пурвианс) на еден сопственик на брод, кој се договара со капетанот да го потопат бродот за да извлече пари од осигурувањето. Бидејќи капетанот не може да најде морнари, тој го ангажира скитникот со чија помош успеваат насилно да регрутираат тројца морнари, меѓутоа во стапицата е вовлечен и скитникот. За време на пловидбата, тој прави безброј проблеми: во ручекот става детергент, ги крши чиниите, го истура јадењето итн. Кога бродот е далеку од брегот, капетанот и неговиот помошник го палат експлозивот и бегаат со еден чамец. Меѓутоа, во бродот е скриена и ќерката на сопственикот. Скитникот го фрла бурето со експлозив во чамецот на капетанот, а малку подоцна во морето го турка и сопственикот на бродот кој, читајќи го писмото на својата ќерка, допловува со чамец до бродот. Така, скитникот и девојката остануваат сами во чамецот.[2]
Забелешка
уредиНасловот на филмот произлегува од глаголот „Shanghai“ што означува „некој насилно да се качи на брод“ или „да се натера некој да направи нешто со помош на сила или со итрина“.[3]
Надворешни врски
уредиCarlitos Marinheiro (Shanghaied, 1915) - Charles Chaplin Shanghaied (4 October 1915) | Chaplin: Film by Film