Чуфут Кале
Чуфут Кале (руски и украински: Чуфут-Кале; кримскотатарски: Çufut Qale; караимски: Къале[1][2]) – средновековна град-тврдина во Кримските Планини кој сега е руиниран.
Чуфут Кале Чуфут-Кале | |
---|---|
Историска населба | |
Пештерски град Чуфут Кале | |
држава | Спорно меѓу Русија и Украина |
Област | Крим |
Област | Бахчисарајска Област |
Основан | 6 - 10 век |
Час. појас | MSK (UTC+4) |
Потекло на поимот
уредиИмето на кримски татарски и турски значи „Еврејска тврдина“ („чуфут/чифут“ – Евреин, „кале“ – тврдина), додека кримските Караими ја именуваат едноставно како „тврдина“ и местото го сметаат за историски центар на кримската караимска заедница.[3] Во средниот век тврдината била позната како „Кирк јер“ (Место на четириесетмината)[4][5]
Историја
уредиГрадот најверојатно бил основан во 5-6 век, како утврдена населба на границата на Византиското Царство на Крим. Во тоа време е многу веројатно дека оваа тврдина била наречена Фула. Населението на градот за време на тој прв период главно се состоело од Алани.
Во 1299 година, тврдината под името Кирк-Ер била заробена и ограбена од ордата на Ногаи. Во 13 и 14 век градот бил регионален центар на мало вазалско кнежевство на Кримската Јурта на Златната Орда. Во 14 век, градот бил населен со Караими, ситуација што останала до времето на Кримското Ханство.[6]
Кирк-Ер бил резиденција на првиот хан на независниот Крим, Хаџи I Герај. По пристапувањето на Крим кон Руската Империја ограничувањата за престојот на Караимите тука се отстранети и тие почнуваат да ја напуштаат тврдината и да се селат во други градови на Крим. До крајот на 19 век Чифут Кале бил целосно напуштен од нејзините жители. Во тврдината останало само едно семејство како нејзин чувар.
Во Чифут Кале се наоѓала тарапана, каде што биле ковани кримските монети. Во осумнаесеттиот век, овде живеел познатиот караимски научник Авраам Самуилович Фиркович (1786-1874).
Галерија
уреди-
Поглед одблизу на кенесите
-
Во пештера
-
Една од кенесите
-
Панорама на пештери и ѕидишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Караимско-русско-польский словарь / Н. А. Баскаков, А. Зайончковский, С. Ш. Шапшал, 1974, C. 683 (Географические названия)
- ↑ Firkovich M. Y The ancient Karaim town Kale now called "Chufut Kale". - Vilna, 1907
- ↑ Crimean Karaites (author— K. Efetov)
- ↑ „«The origin and history of the Crimean Karaites" S.Beim 1862 Crimea. Chufut Kale.Bakhchisaray“. Архивирано од изворникот на 2013-05-11. Посетено на 2019-04-18.
- ↑ Энциклопедический словарь Ф.А. Брокгауза и И.А. Ефрона— С.-Пб.: Брокгауз-Ефрон. 1890—1907 ст. Чуфут Кале;
- ↑ Меметов А. О так называемых „тюркских народах“ Крыма Архивирано на 19 октомври 2011 г.. // Ученые записки Таврического национального университета им. В. И. Вернадского. Серия „Филология. Социальные коммуникации“. Том 22 (61). № 3. 2009 г. С. 172 – 178.
Надворешни врски
уреди„Чуфут Кале“ на Ризницата ? |