„Чудотворниот меч“ (српскохрватски: Чудотворни мач) — филм од 1950 година, режиран од Војислав Нановиќ. Главните улоги ги играат: Раде Марковиќ, Вера Илиќ-Ѓукиќ, Миливоје Живановиќ, Михајло Бата Паскаљевиќ и Љубиша Јовановиќ.[1]

Постер од филмот ,,Чудотворниот меч"

Синопсис

уреди

Момчето Небојша и дедо му Иван ловат по шумата покриена со снег. Откако ќе се загубат во шумата, Небојша и неговото куче доаѓаат до напуштена кула и слушаат непознат глас што доаѓа од некое буре. Гласот го моли Небојша да му даде вода, а Небјоша ја исполнува молбата. Тогаш, бурето се распаѓа и од него зилегува заробениот Баш Челик, кој го брка детето од кулата. Многу години подоцна, Небојша е веќе момче кое ја има запросено својата долгогодишна љубов, Вида. За време на нивната венчавка, љубоморниот Грицко наидува на Баш Челик и његовата војска, па ги насочува кон свадбата..

Наводи

уреди