Чудесната градина во Дубаи

Чудесната градина во Дубаи (на арапски: حديقة الزهور بدبي) е цветна градина лоцирана во областа Дубаиленд, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Градината била отворена од Денот на вљубените во 2013 година.[1] Зафаќа над 72 000 метри квадратни, што ја прави најголемата природна цветна градина во светот, која содржи над 50 милиони цвеќиња и 250 милиони растенија.[2][3]

Чудесната градина на Дубаи
حديقة الزهور بدبي
Карта
ВидЦветна градина
МестоДубаиленд, Дубаи, Соединети Арапски Емирати
Координати25°03′35″N 55°14′40″E / 25.05981° СГШ; 55.24454° ИГД / 25.05981; 55.24454
Површина72,000 m2 (780,000 sq ft)
Отворен14 февруари 2013
СтопанисувачCityland Real Estate Development
Збирки45 милиони цвеќиња
Мреж. местоdubaimiraclegarden.com

Во април 2015 година, на градината и била доделена наградата Мозел за Нови Градинарски Искуства на годината од страна на Награди за градинарски туризам (анг: Garden Tourism Award), 2015.[4]

Развој

уреди

Концептот на првиот проект за чудесната градина бил формиран според договорот помеѓу Дубаиленд и Дубаи Пропертис Груп. Развојот на проектот бил завршен според договорот со Акар Лендскејпинг и Агрикалчр Компани,[5] предводена од јорданскиот бизнисмен Абдел Насер Рахал.[6] Цената на проектот била проценета на 40 милиони АЕД (11 милиони американски долари).[7]

Првата фаза била завршена, а со тоа паркот отворен во февруари 2013 година и зафаќала 2 000 метри квадратни надворешен дел вклучувајќи вертикално и хоризонтално уредување на просторот каде што секој сегмент имал свој дизајн.[5] Развојот на првата фаза траел два месеци, а биле вклучени 400 работници.[7] Вториот дел од проектот бил инициран во средината на јуни 2013 година и бил завршен во октомври, вклучувајќи 70% проширување на 2 000 м² и изградба на 79 000 м² повеќекатен паркинг, со што вкупната површина на градината се зголемила на 190 000 м² . Вклучено било додавање на цветен часовник, градина со пеперутки, продавници за малопродажба и џамии.[8]

Операции

уреди

Чудесната градина во Дубаи генерално работи од октомври до април секоја година. Затворена е од мај до септември поради високите температури во просек од 40°C, што не е погодно за одгледување цвеќе.[9]

 
Срцев тунел во градина.

Одржување

уреди

За одржување на цвеќето се користи пречистена отпадна вода преку метод на наводнување капка по капка [1] со просечна количина од 757 082 л вода дневно.[10] Според официјалните лица на чудесната градина во Дубаи, општината Дубаи ја повлекува сивата вода на градот и ја испраќа директно во градината. Градината повторно ја филтрира водата и ја претвора во висококвалитетна вода за нејзина употреба во градината. Градината се наводнува само откако ќе се затвори навечер.

Градината на пеперутките во Дубаи

уреди

Во 2015 година Чудесната градина во Дубаи ја отворила Градината на пеперутките во Дубаи, најголемата во светот и првата затворена градина на пеперутки во регионот и засолниште за над 15.000 пеперутки од 50 видови.[4]

Договор со Дизни

уреди

Како дел од договорот за лиценцирање помеѓу Чудeсната градина на Дубаи и компанијата Волт Дизни, во февруари 2018 година бил откриен топијарот(украсно поткастрување) на Мики Маус.[11] Цветните структури на Мини Маус, Шиљо, Плутон, Дејзи Дак, Пајо Паторот и Рајо, Гајо и Влајо биле презентирани подоцна истата година.[12]

Гинисови рекорди

уреди

Чудесната градина во Дубаи постигнала три Гинисови рекорди. Во 2013 година била прогласена за најголема вертикална градина во светот.[13] Во моментов, цветната структура на Ербас А380 во градината е наведена во Гинисовата книга на рекорди како најголема цветна структура во светот.[2] 18 метарскиот топијар на Мики Маус, кој тежи скоро 35 тони, е највисоката скулптура од овој тип во светот.[14] Чудeсната градина на Дубаи има уште еден рекорд, а тоа е, Најдолгиот цветен ѕид во светот кој е долг речиси еден километар и е украсен со речиси 22 милиони расцветани цвеќиња.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „The World's most beautiful garden-In Dubai“. Xpress. 20 February 2013.
  2. 2,0 2,1 Tesorero, Angel (7 November 2017). „50 million blooms to wow visitors at Dubai Miracle Garden“. Khaleej Times. Посетено на 30 October 2018.
  3. „Biggest Flower Garden in the World“. Miracle Garden Blog. 17 September 2019. Посетено на 22 January 2020.
  4. 4,0 4,1 „Dubai Miracle Garden wins International Award“. Gulf News. 1 April 2015. Посетено на 30 October 2015.
  5. 5,0 5,1 „First Miracle Garden project opens in Dubai“. Arabian Business. 16 February 2013. Посетено на 20 October 2015.
  6. Croucher, Martin (15 March 2013). „Cooling domes to be in bloom for summer at Dubai's Miracle Gardens“. The National. UAE.
  7. 7,0 7,1 „Giant 'Miracle Garden' is Dubai's latest over-the-top attraction“. Today. 2 March 2013. Посетено на 20 October 2015.
  8. „Work on Miracle Garden phase two began“. Gulf Construction Worldwide. 1 August 2013. Архивирано од изворникот на 26 August 2018. Посетено на 20 October 2015.
  9. „World's Largest natural flower garden opens in Dubai“. CNN Travel. 5 March 2015. Посетено на 30 October 2015.
  10. „The Wonderful Bizarreness of Dubai Miracle Garden“. The National. 15 January 2015. Посетено на 30 October 2015.
  11. Zakaria, Sherouk (25 February 2018). „Dubai gets world's biggest Mickey Mouse floral structure“. Khaleej Times. Посетено на 30 October 2018.
  12. „Disney Avenue opens at Dubai Miracle Garden“. VELVET Magazine. November 2018. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 13 April 2019.
  13. „Guinness World Records of Dubai Miracle Garden“. Miracle Garden Blog. 27 April 2019.
  14. „Watch: Dubai Miracle Garden now home to 18-metre floral Mickey Mouse“. The National. February 2018. Посетено на 30 October 2018.
  15. „World Records of Dubai Miracle Garden“. Miracle Garden Dubai (англиски). Посетено на 2023-09-21.