Чиплак Баир

врв на планината Боздаг во Драмско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Чиплакбаир)

Чиплак Баир или Чиплакбаир (грчки: Χάρακας, Харакас) — врв на бугарско-грчката граница меѓу Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија. Ова е највисокиот врв на планината Бесленски Рид, дел од Боздаг. На врвот е поставена граничната пирамида бр. 152.[1][2] Висок е 1.090 м.[2]

Чиплак Баир
Χάρακας
Чиплак Баир на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.090 м
Координати41°26′21″N 23°58′01″E / 41.4391° СГШ; 23.9669° ИГД / 41.4391; 23.9669
Географија
МестоДрамско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија
Матичен венецБоздаг
Карта

До врвот се стасува од селото Беслен (од бугарска страна) за 2 часа по земјен пат кон југ,[3] и од Белотинци (на грчка територија), исто така за 2 часа по земјен пат кој оди на североисток.[2]

Според пиринскиот јазичар Јоран Иванов, името Чиплак баир доаѓа од турското çıplak, соголен.[4] Грчкото име Харакас е дадено по новото име на поранешното село Гуштерак сместено во западното подножје.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 86. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 466. ISBN 978-960-86676-6-2.
  3. Село Беслен – връх Чиплакбаир tripsjournal.com, 10 јануари 2022 г.
  4. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 219.

Надворешни врски

уреди