Чипански мост (грчки: Γεφύρι της Τσίπιανης) — стар камен мост кај селото Чипан во Загорско, Епир.

Чипански мост
Γεφύρι της Τσίπιανης
Координати39°46′5″N 20°57′37″E / 39.76806° СГШ; 20.96028° ИГД / 39.76806; 20.96028
ПреминуваВарда
МестоЧипан, Загорско, Епир
Зашт. статусспоменик на културата
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина60,8 м
Ширина2,5 м
Висина14,5 м
Распони4
Историја
Завршен1875
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Мостот ја преминува реката Варда, десна притока на Арахтос, до современиот мост на патот Милотадес-Гребеници, на надморска височина од 575 м.[1] Има вкупна должина од 60,8 м, ширина од 2,5 м и висина од 14,5 м. Мостот се одликува со неговиот среден лак со отвор од 26,3 метри и висина од 14,5 метри, кој го добил својот облик при грешка во неговата изградба.[2][3] Северната страна на мостот се наоѓа во поплавната зона на реката, каде завршува со три помали издолжени лакови.[2] Изграден е во 1875 г. со средства на Атанасиос Паспаљарис од Трстеник и на мештаните на Гребеници.[3]

Во 1982 г. мостот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2]

Наводи

уреди
  1. Μαντάς, Σπύρος (1984). Τα Ηπειρώτικα Γεφύρια,Αθήνα. Αθήνα: Λαϊκό Πολύπτυχο. стр. 36.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Πέτρινο γεφύρι Τσίπιανης“. izagori.gr. Посетено на 25 август 2024.
  3. 3,0 3,1 „Γεφύρι Της Τσίπιανης“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 25 август 2024.