Чеченско-ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република
Чеченско-ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република (чеченски: Нохч-ГІалгІайн Автономнин Совецки Социалистически Республика; руски: Чече́но-Ингу́шская Автономная Советская Социалистическая Республика) — автономна република во Советскиот Сојуз во составот на Руска СФСР.
Чеченско-ингушка АССР | |||||
Нохч-ГІалгІайн Автономнин Совецки Социалистически Республика Чече́но-Ингу́шская Автономная Советская Социалистическая Республика | |||||
автономна република | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Гесло нема | |||||
![]() | |||||
Главен град | Грозни | ||||
Вероисповед | атеизам, ислам | ||||
Уредување | република | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1936 | |||
- | Крај | 1990 | |||
Површина | |||||
- | 1934-1944 | 19.300 км² | |||
Валута | руска рубља |
После воспоставување на советската власт, во март 1920, Терската област била расформирана, а Чеченскиот (обединет со Учкерискиот) и Ингушетскиот (обединет со Нагорниот) округ станале самостојни територијални единки.
На 20 јануари 1921 година, Чеченија и Ингушетија заедно со Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија и Северна Осетија влегуваат во новосоздадената република Горскаја АССР.
На 7 ноември 1924 година Горскаја АССР била ликвидирана и со тоа се создала Ингушска АО во состав на РСФСР.
На 15 јануари 1934 била создадена Чеченско-ингушетската автономна област, која на 5 декември 1936 година станала Чеченско-Ингушка АССР (ЧИАССР).
Во февруари 1944 г. оваа република била расформирана, за после да влезе во составот на Северно-Осетинската АССР.
На 15 мај 1991 година ЧИАССР е преименувана во Чеченско-Ингушетска Република, а на 1 октомври 1991 година со решение на Врховниот совет на РСФСР Чеченско-Ингушетската Република била разделена на Чеченија и Ингушетија.
Територијата на земјата опфаќала 19.300 квадратни километри, а бројот на населението било 1,155,805.
Таа била наследена од Чеченија и Ингушетија.