Четири класични романи
Четирите класични романи, (кинески: 四大名著, пинјин: sì dà míngzhù, буквално: „Четири големи творби“) се четири романи кои важат за највлијателни дела во кинеска книжевност до појавата на модернизмот. Овие прозни дела се општо познати за сета кинеска јавност, и се напишани во времето на династиите Минг и Ќинг.
Делата важат за едни од најстарите и најдолгите романи во светот и се сметаат за врв на класичното кинеско прозно творештво. Извршиле влијание врз многу творби како раскази, драмски дела, филмови, игри и др. ширум источна Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам.
Дела
уредиПо хронолошки редослед, делата се следниве:
Македонски | Кинески (упр.) | Кинески (трад.) | Пинјин | Мак. тр. | Автор | Период |
---|---|---|---|---|---|---|
„Разбојници од крајбрежјето“ | 水浒传 | 水滸傳 | Shuǐhǔ Zhuàn | Шујху џуан | Ше Најан[1] | XIV век |
„Повест за трите кралства“ | 三国演义 | 三國演義 | Sānguó Yǎnyì | Сангуо јенји | Луо Гуангџунг | XIV век |
„Патешествие на запад“ | 西游记 | 西遊記 | Xī Yóu Jì | Сји јоу џи | Ву Ченген | XVI век |
„Сон во црвената одаја“ | 红楼梦 | 紅樓夢 | Hóng Lóu Mèng | Хунг лоу менг | Цао Сјуечин | XVIII век |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Некои сметаат дека делото е целосно или барем делумно напишано од друг автор како Лио Гуангџунг (авторот на „Повест за трите кралства“), Ше Хуј (施惠) и Гуо Сјин (郭勛).
Надворешни врски
уреди- Четири класични романи (四大名著) — Викиизвор на кинески јазик