Чевларник — дел од мебел што се користи за чување чевли. Може да биде самостоен или вграден во орман или гардероба.

Чевларник - полица

Големината на чевларникот зависи од расположливиот простор, како и од бројот на членовите на семејството, односно од бројот на чевли што треба да се сместат. Чевларниците можат да бидат отворени, со наредени чевли видливи или затворени. Тие првенствено служат за избегнување куп неуредни чевли до влезната врата на стан или куќа.

Наједноставните чевларници се обични полици, дрвени или жичени, со неколку редови, кои заземаат најмалку простор и можат да сместат неколку пара обувки. Тие обично стојат во влезната просторија на стан или куќа, и често служат само за оставање на влажни и валкани обувки, пред нивното сместување по миењето и сушењето. Понекогаш горната полица е наменета за седење додека ги обување.[1]

Во чевларниците може да се остават обувките во нивните кутии како што биле купени доколку се користат поретко.

Чевларник

Чевларниците обично се тесни ормани (33-35 см) со полици погодни за сместување чевли. Тие можат да бидат ниски, средни или високи, а ширината е дотерана на потребите на корисникот. Некои чевларници имаат врати кои се отвораат кон корисникот, дијагонално, а чевлите се распоредени во поединечни џебови. Кога се направени од платно, тие висат на закачалка и содржат полици со цврсто дно за чување чевли. Некои видови држачи за чевли имаат заоблени жичени јамки на кои се поставуваат чевлите. Понекогаш тие се направени така што може да се наредат едни врз други.[2]

Тие често се дизајнирани така што претставуваат составен дел од гарнитурата во ходникот, кој вклучува закачалка, место за чување чадори, огледало, фиоки итн. Покрај тоа, тие можат да бидат дел од поголема гардероба во ходникот или просторијата.[3]

Чевларник

Материјалите за изработка на полици за чевли се разновидни, главно дрво, метал, медијапан, иверица, бамбус, платно, а боите се многу разновидни: бела, црна, боја на дрво, итн.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Shoe Rack“. dimensions.com. Архивирано од изворникот на 19. 07. 2020. Посетено на 19. 7. 2020. Text "Shoe Storage" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Cipelarnici“. ikea.com. Посетено на 19. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. CYPRUS, SHERI. „What Is a Shoe Rack?“. wisegeek.com. Посетено на 19. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „POLICE ZA OBUĆU I CIPELARI“. jysk.rs. Посетено на 19. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)