Чавдар (марка)
Чавдар е марка на бугарски автобуси. Денешното седиште не фабриката се наоѓа во Ботевград, република Бугарија. Како година на основање се смета 1924, кога Рачо Влков Џамбов буг. (Рачо Вълков Джамбов) отвора сопствена железничарска работилница. Со текот на годините оваа работилница прераснува во фабрика за автобуси. Во 1993 г. фабриката склучува договор со германската МАН за развој и соработка , со кое би се усовршило производството на автобуси. Резултат на оваа соработка е модерниот Чавдар 141.