Црни лебеди (збирка раскази)
Црни лебеди е збирка раскази од рускиот писател Гајто Газданов, објавена во 2006 година во издание на "Темплум", како 43 книга во рамките на едицијата “Магма”. Преводот од руски јазик е дело на Марија Сидоровска.
Технички одлики
уредиЗбирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 237 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-81-Х. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата “Точка”. На предната корица е наоѓа слика на Хуан Миро, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата “Магма”.[1]
Содржина
уредиЗбирката “Црни лебеди” содржи девет раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Црни лебеди
- Хавајски гитари
- Другарката Брак
- Кнегинката Мери
- Питачот
- Помен
- Грешка
- Вечерен сопатник
- Писмата на Иванов