Црква „Св. Троица“ - Трсино
Света Троица — главна селска црква во селото Трсино.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, на десната страна од патот кој води од соседното село Трстија.
Света Троица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Јакимовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°54′47.1″N 22°38′59.2″E / 41.913083° СГШ; 22.649778° ИГД |
Место | Трсино |
Општина | Виница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | 30 мај 2004 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 30 мај 2004 година од страна на тоашниот митрополит на Брегалничката епархија г. Агатангел.
Архитектура
уредиЦрквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора. Во продолжение на бочните ѕидови се доградени припрати, додека во задниот дел од црквата има три многуаголни апсиди, од кои средишната е поголема во споредба со страничните кои се со еднаква големина. Градбата во целост е варосана во бела боја и истата е покриена со ќерамиди. Со ќерамиди исто така се покриени припратите и апсидите, додека куполата има метален кров над кој е истакнат крст.
Камбанаријата е прилепена до градбата на црквата и е сместена во левиот агол од предната страна. Таа има четириаголна основа и е ѕидана од тули. Предната и бочните страни се поделени во четири дела, од кои првите три содржат по една монофора, додека последниот е лачно отворен. На задната страна отсуствува најнискиот дел поради тоа што во таа висина е прилепена со градбата на црквата. Камбанаријата е покриена со метален кров над кој има крст.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 31.
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Троица“ - Трсино“ на Ризницата ? |
- Информации за црквата Архивирано на 23 септември 2017 г. — страница на Брегалничката епархија