Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ - Горно Крушево
црква во Горно Крушево, Зихненско
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат (грчки: Αγίων Θεοδώρων Άνω Κερδυλίων) — црква во поранешното село Горно Крушево, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат | |
---|---|
Αγίων Θεοδώρων | |
Поглед на црквата | |
40°48′30.7″N 23°47′12.1″E / 40.808528° СГШ; 23.786694° ИГД | |
Место | Горно Крушево, Зихненско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1836 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Аспровалтско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е изградена во 1836 г.[1] Во 1941 г. по уништувањето на Горно и Долно Крушево од германските сили, црквата била единствената преостаната градба во селото.[2] Подоцна е обновена.
Во 1991 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ΦΩΤΟΓΡΑΦΙΚΟ ΑΡΧΕΙΟ ΜΑΡΤΥΡΙΚΑ ΚΕΡΔΥΛΛΙΑ ΣΕΡΡΩΝ - ΔΗΜΟΥ ΑΜΦΙΠΟΛΗΣ/Amphipolis“. Архивирано од изворникот на 2014-12-23. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ „17 Οκτωβρίου 1941:"Άνω και Κάτω Κερδύλια – Το Ολοκαύτωμα"“. ΑΒΕΡΩΦ - WordPress.com. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/32574/609/22-7-1991 - ΦΕΚ 889/Β/30-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-07-05. Посетено на 31 октомври 2014.