Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ - Височани
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат или Свети Тодор (грчки: Αγιοι Θεόδωροι) — црква во селото Височани, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат | |
---|---|
Αγιοι Θεόδωροι | |
41°11′23″N 24°6′1″E / 41.18972° СГШ; 24.10028° ИГД | |
Место | Височани, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1815 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Драмско |
Епархија | Драмска |
Историја и архитектура
уредиЦрквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Според ктиторскиот натпис во слепит свод над јужниот влез, црквата е завршена на 15 март 1815 г. за време на митрополитот Партениј Драмски.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква, трем на западната страна и многуаголна апсида на исток. Храмот има димензии 15 × 10,60 м.[1]
На покровителската икона лево од јужниот влез на иконостасот, непосредно по силно оштетената икона „Пресв. Богородица со Младенецот“, во долниот десен агол има грчки натпис во четири реда:[2] „διά σινδρоμής κάι δα / πάνης τоυ τιμη[ό]τάτоν / βγλτζо ρωίδо και τσή(κ)νη(ν) / αγγελ γηώργη γήνη... / ...17...“, тоест „Со помошта и трошоците на почитуваниот Вулчо Ројдо и Ци(к)ни(н)... Ангел Ѓорѓи Гини...“[3] “
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Митринов, Георги (2018). „Българското възрожденско църковно-историческо наследство в Беломорието. ΙΙ. Надписи на икони и плащаници“ (PDF). Известия на Института за български език „Проф. Любомир Андрейчин“. София: Българска академия на науките. XXXI: 150.
- ↑ Митринов, стр. 151