Црква „Св. Спиридон“ - Родос

црква во градот Родос, Додеканези, Грција

Свети Спиридон (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Σπυρίδωνος) — средновековна црква во градот Родос на истоимениот остров во Додеканезите, Грција. Влегува во состав на Родоската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Спиридон
Άγιος Σπυρίδων
Поглед на црквата
Карта
36°26′34″N 28°13′34″E / 36.44278° СГШ; 28.22611° ИГД / 36.44278; 28.22611
МестоРодос
ЗемјаДодеканези, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
ЗавршенаXIII век
Управа
ЕпархијаРодоска

Храмот е подигнат во XIII век врз темелите на постара градба од хеленистичко време,[1] но го добил својот денешен облик во XVI век.[2] Со османлиското заземање на Родос во 1522 г. храмот бил претворен во џамија. Црквата останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Кавакли-џамија (Тополова џамија).[3] По потпаѓањето на Родос под грчка власт во 1947 г. храмот бил вратен како црква.

Градбата има средиштен кораб со купола. Во турско време било доградено минаре, кое сѐ уште е зачувано.[3] Во внатрешноста на црквата се зачувани забележителни фрески од првата половина на XVI век на Богородица и Св. Јован Крстител. Исто така е зачувана фреската на која се претставени ктиторите Андреас и Георгиос. Нивните гробови се сместени до северниот ѕид на црквата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Анастасиу, А.; Сироку, Е.; Тапинаки, А.; Георгопулос, А. (2020). „Holistic 3D digital documentation of a byzantine church“. The International Archives of the Photogrammetry, Remote Sensing and Spatial Information Sciences, Volume XLIII-B2-2020 (англиски). XXIV ISPRS Congress. стр. 1363–1370.
  2. 2,0 2,1 Church of Agios Spyridon (St. Spyridon). medievaltown.gr (англиски). Посетено на 20 јуни 2024.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 „Άγιος Σπυρίδωνας (Καβακλί Τζαμί)“. tourism.rhodes.gr (грчки). Посетено на 20 јуни 2024.

Надворешни врски

уреди