Црква „Вознесение Христово“ - Мршевци
црква во селото Мршевци
(Пренасочено од Црква „Св. Спас“ - Мршевци)
Свети Спас — македонски православен храм во скопското село Мршевци. Храмот се наоѓа на мало возвишение над селото, веднаш до фудбалското игралиште. Црквата е осветена во 1998 година. Во нејзин склоп постои сала за ручек која собира 250 гости, а моментално се реконструира и чешма. Голем народен собор се одржува за патрониот празник Спасовден кој воедно е и селска слава на селото. Внатрешноста на црквата е живописана со нови фрески, кои се дар од семејствата кои живеат или водат потекло од селото Мршевци, а има и мермерен иконостас.
Свети Спас
| |
Црквата „Свети Спас“ во селото Мршевци | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дељадровско-илинденска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Мршевци |
Општина | Илинден |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Осветување | 1998 година |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Поглед одблизу на црквата, со иконата на Вознесението Христово на камбанаријата
-
Фрескоживописот во црквата
-
Предниот влез на црквата