Црква „Св. Петка“ - Лерин

црква во Лерин

Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во градот Лерин, Егејска Македонија, катедрален храм на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Поглед на црквата
Карта
40°47′14.8″N 21°24′47.4″E / 40.787444° СГШ; 21.413167° ИГД / 40.787444; 21.413167
МестоЛерин
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1974
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Историја

уреди

Првата црква „Св. Петка“ е изградена во населба на грчки доселеници во 1934 г. Во 1961 г. црквата станала парохиска, а нејзин прв свештеник бил Теодор Делина од Пополжани. Во 1966 г. почнала изградбата на нов храм за потребите на растечкото население, кој бил завршен и осветен на 26 јули 1974 г. Кон него се изградени машкиот интернат „Три Јерарси“ и старечкиот дом на Леринската митрополија. На 12 јуни 1998 г. во црквата свечено е претставена икона на „Пресвета Богородица Пелагониска“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ιστορία Ιερού Ναού Αγίας Παρασκευής Φλωρίνης» (ομιλία του Κωνσταντίνου Ραπτόπουλου-Χατζηστεφάνου)“. ΗΧΏ Φλώρινας. 24 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2022-06-26. Посетено на 20 август 2020.
  2. „Ο Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής Φλωρίνης“. Посетено на 8 февруари 2020.