Црква „Св. Никола“ - Сушица (Гостиварско)

црква во селото Сушица, Гостиварско

Свети Никола се наоѓа во јужниот дел на селото Сушица, во непосредната близина на градот Гостивар. Црквата е возобновена на место на постар храм и во нејзиниот двор се наоѓаат и базен за празникот Водици (Богојавление, Водокрст), како и дел од селските гробишта. Во близина се наоѓа регионалната депонија Русино, за која на црквата „Св. Никола“ без надоместок и биле одземени 1.770 m².[1]

Свети Никола

Црквата Свети Никола во селото Сушица

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Местоположба

Карта

Место Сушица
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Црквата е изградена во 1871 година од страна на населението од Сушица од селаните што живееле во селото и од печалбарите кои работеле како фурнаџии во Бугарија, слаткари во Србија и на други места во тогашна Турција. Турците дозволувалеизградба на цркви но да не бидат повисоки од џамиите така да црквата била изградена со едено скалило кое одело кон подот на црквата надолу. Црквата во 1975/76.година се реновирала но неумешно. По консултација со верските свештеници од Гостивар и иницајатива на Сушичани во 2006 година старата црква е срушена и на темелите на старата црква била изградена нова црква. Во новиот храм во иконостасот со длабок даборез поставени се стари икони од старата црква како и крстот над иконостасот. Црквата е спремна за осветување кое најверојатно ќе се изведе на летен Свети Никола 2014.г кога е селскаслава во Сушица.

Наводи

уреди
  1. „Гостивар ја забрани депонијата „Русино". Утрински Весник. 18 мај 2009. Посетено на 2011-02-23.