Црква „Св. Никола“ - Оморани
Св. Никола — православна манастирска црква во велешкото село Оморани, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Богомилска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°32′41″N 21°36′37″E / 41.54472° СГШ; 21.61028° ИГД |
Место | Оморани |
Општина | Чашка |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Архитектонски опис |
Историја
уредиНема писмени извори за настанокот на манастирот. Се знае дека бил уништен во османлиско време, а потоа обновен.[1] Георги Трајчев претпоставува дека е основан во 1807 г. но во Слепченскиот поменик, напишан некаде по 1573 г., се споменува јеромонах Мина од Хоморан, што дава повод да се смета дека манастирот е многу постар.[2][3]
Архитектура
уредиЦрквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем на западната страна. Подоцна е целосно обновена, со што е изгубена нејзината споменична вредност. Единствени траги за нејзиниот изворен изглед има во документацијата на Националниот конзерваторски центар, каде се вели дека му припаѓала на поствизантискиот период и имала зачуван живопис во апсидата со претстава на Богородица Ширшаја и друг фрагмент десно од неа.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Храмови низ Богомилската парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 29 ноември 2021.
- ↑ Трайчевъ, Георги. Манастиритѣ въ Македония. София, Македонска библиотека № 9, 1933. с. 184.
- ↑ Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София, 2006, с. 74.
- ↑ Николовски, Дарко (2017). „Прилог кон проучувањата на поствизантиската уметност во Општина Чашка, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. Χ (15): 282.