Црква „Св. Никола“ - Драгош

црква во Драгош, Битолско

Свети Никола — главна селска и гробишна црква во битолското село Драгош, Македонија.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°52′51″N 21°20′54″E / 40.88083° СГШ; 21.34833° ИГД / 40.88083; 21.34833
Место Драгош
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1859
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Местоположба

уреди

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото.[2]

Историја

уреди

Црквата е подигната околу 1860 година, а претходно на истото место се наоѓала постара црквичка.[3]

Според натписот над главниот влез се дознава дека црквата е подигната во октомври 1859 година.

Архитектура

уреди

Дворот со гробиштата има двојна порта, изградена во 1889 година. Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на исток, во чиј долен дел има девет плитки украсни ниши.[2]

Поголемиот дел од црквата, освен аглите, привратните делови и прозорците е изѕидан од обичен кршен камен. Подоцна од југ е доѕидан затворен трем. Внатрешноста е поделена на три кораба од два реда столбови.[4]

Фрескоживопис

уреди

Храмот не е живописан.[4]

Иконостас и икони

уреди

Има голем обичен иконостас од три реда. По стилските особеости престолните и апостолските икони се датират од средината на XIX век, дело на месни зографи.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-30.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 201. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. 4,0 4,1 4,2 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-30.

Надворешни врски

уреди