Црква „Св. Илија“ - Фурка
црква во селото Фурка
Свети Илија — главна селска црква во дојранското село Фурка, Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Архијерејско намесништво | Струмичко |
Парохија | Дојранска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°14′25″N 22°36′44″E / 41.24028° СГШ; 22.61222° ИГД |
Место | Фурка |
Општина | Дојран |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1880 г. |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самото сретсело во Фурка, сместена веднаш до основното училиште.
Историја
уредиЦрквата потекнува од 1880 година.[2]
Во 2017 година била прогласена за значајно културно наследство.[2]
Архитектура
уредиТаа е трикорабна градба со полукружна апсида, расчленета со арки и столбови. Покривната конструкција е на две води со петострана олтарна апсида. На источниот ѕид со плитки ниши однадвор изведени со пиластри кои во горниот дел се поврзани со лакови. Црквата е во релативно добра состојба.[2]
Галерија
уреди-
Помошниот објект
-
Поглед на црквата
-
Гроб во дворот на црквата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Јужната припрата
-
Споредниот влез
-
Ниша над споредниот влез
-
Западната припрата
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Решение за прогласување на значајно културно наследство - НУ Завод за заштина на спомениците на културата и Музеј Струмица“. web.archive.org. 2020-08-02. Архивирано од изворникот на 2020-08-02. Посетено на 2024-05-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Фурка на Ризницата ?