Црква „Св. Димитриј“ - Стара Бања

црква во Стара Бања, Серско

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Стара Бања, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
40°53′3.2″N 23°42′12.1″E / 40.884222° СГШ; 23.703361° ИГД / 40.884222; 23.703361
МестоСтара Бања, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типбазилика
Завршена1972
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Првичната црква веројатно е изградена во 1922 г. според датите на преносливите икони во храмот. Во 1972 г. е срушена за да се изгради поголема. Новата црква е осветена од митрополитот Константин Серско-нигритски на 8 мај 1975 г. Црквата е обновена делумно живописана во 1995 г. Градбата претставува базилика без купола.[1]

Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Бессребреници“ и „Св. Ѓорѓи“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ἱερός Ναός τοῦ Ἁγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.