Црква „Св. Димитриј“ - Негуш

црква во Негуш, Егејска Македонија

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Црквата „Св. Димитриј“ (лево) и Историско-етнолошкиот музеј
Карта
40°37′43.9″N 22°3′46.6″E / 40.628861° СГШ; 22.062944° ИГД / 40.628861; 22.062944
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
Завршена1996
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата е сместена во горниот западен дел на градот, близу плоштадот „Камена“ и срушената џамија. На местото на храмот имало црква уништена за време на Негушкото востание во 1822 г. При обновата на градот, на нејзино место е изграден мал храм. Во 1922 г. во оваа парохија се доселиле Грци од Мала Азија. Во 1996 г. малата црква е урната и на нејзино место е изграден сегашниот голем храм, по проект на архитектот Павлос Кирјакос. Изградбата чинела 15 милиони драхми, собрани од прилози на верниците.[1]

Во храмот има две големи икони на Свети Димитрија Солунски, од кои едната датира од XVIII век. За вредни се сметаат и иконите на Свети Јован Богослов од XVII век и Свети Василиј од XVIII век, донесени од малоазиските доселеници.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF) (грчки). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)