Црква „Св. Димитриј“ - Волковија
црква во селото Волковија
Свети Димитрија се наоѓа во селото Волковија во Општина Маврово и Ростуше во горниот дел на течението на реката Радика. Црквата се наоѓа на падината под селото, во правец на северозапад. Таа е изградена во почетокот на XIX век, за што сведочи живописот, иконите, црковните книги во неа, како и самата градба. Во 1852 година, Дичо Зограф го изработил иконостасот.[1] Градбата на црквата е едно корабна со купола за камбана на средината. Црковниот светец е Свети Димитрија, што е и селска слава на селото Волковија. Покрај за Митровден (7 ноември), голем собор во црквата се одржува и за Водици (Богојавление, 19 јануари).
Свети Димитрија
| |
Црквата Свети Димитрија во селото Волковија | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Волковија |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј Солунски |
Изградба | почеток на XIX век |
Живопис | 1852 (изработка на иконостасот) |
Зограф | Дичо Зограф |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. Премин. Посетено на 2011-01-09.
Галерија
уреди-
Иконостасот во црквата Свети Димитрија во Волковија
-
Поглед кон црквата Свети Димитрија во Волковија
-
Поглед одблизу на црквата Свети Димитрија во Волковија
„Црква „Св. Димитриј“ - Волковија“ на Ризницата ? |