Црква „Св. Благовештение“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија
Свето Благовештение (грчки: Παναγία Ευαγγελίστρια, Βαγγελίστρα) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. „Јован Милостив““.[2]
Свето Благовештение | |
---|---|
Παναγία Ευαγγελίστρια | |
Поглед на црквата | |
40°31′19.40″N 22°12′20.41″E / 40.5220556° СГШ; 22.2056694° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во XIV век. Со време нејзината арјитектура значително се променила, така што од првобитниот храм е зачуван само јужниот ѕид. На него има два слоја префинет живопис од византиско време. Во остатокот од црквата се зачувани вредни фрески од XVII век.[1] На натписот од 1699 г. стои името на митрополитот Јоаким I.[3]
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Παναγία Ευαγγελίστρια (Βαγγελίστρα)“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Βουδούρη, Αθανασίου Γ (2008). Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή. стр. 77. Посетено на 11 октомври 2014.
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]