Црква „Св. Атанасиј“ - Москополе

споменик на културата на Албанија

Црквата „Св. Атанасиј“ (албански: Kisha e Shën Thanasit) — православна црква во Москополе, Албанија.

Црква „Св. Атанасиј“ - Москополе
Локално име
албански: Kisha e Shën Thanasit
МестоположбаМоскополе
Координати40°38′17″N 20°35′23″E / 40.63806° СГШ; 20.58985° ИГД / 40.63806; 20.58985
Изграден1721
Прогласено:1948

Историја и опис

уреди

Црквата била подигната во 1721 година.[1] Црквата денес служи како гробна црква во Москополе.[2] Таа е црква од типот на базилика, со средиштен кораб и два странични кораби, а се наоѓа на североисточната страна на Москополе, кај населбата Акамнел. Црквата има две куполи кои се наоѓаат на два главни столба и осум околни столбови. Димензиите на двата кораби се 19m x 10,50 м x 8 м, а должината на куполите достигнува до 9 м. Апсидите се украсени однадвор со седум свода на главниот влез и по четири сводa на секоја страна. Страничните сводови на врвот имаат мали прозорци. Клаустарот е долг 18,90 метри и широк 2,85 метри, опкружен со 6 свода, кои стојат на 5 столба, секој покриен со двојни капители.[3]

На надворешните фрески на црквата е претставено старо писмо на влашки јазик, откриено во 2005 година. Натписот е напишан со грчка азбука: ΜΑΝΕ ΝΤΙ ΜΖΟΥ ΚΟΥ ΑΘΑΝΑΣΙΣ ΦΙΛΙΠΠΟΥ, во современиот влашки правопис Mane di mzou ku Athanasis Filipu, веројатно значи „Со раката Божја со Атанасис Филипу“ иако mzou не се толкува еднозначно.[4]

Црквата е прогласена за споменик на културата во Албанија.[5] И покрај ова, нејзините икони биле украдени 5 пати од 1990 до 2010 година. При последната кражба биле украдени иконите насликани во 1724 година.

 
Фескописот на припратата на црквата Свети Атанасиј

Наводи

уреди
  1. Tassos A. Mikropoulos. Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society, p. 315
  2. Kirchhainer, Karin (2003). „Iconographic Characteristics of the Churches in Moschopolis and Vithikuqi (Albania)“ (PDF). Makedonika. 35 (4): 163–191. Посетено на 2010-11-07.
  3. „Map - IMK WebGIS“. imk.gov.al. IMK. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на October 13, 2016.
  4. Kahl, Thede; Prifti, Elton (2016). „Geschichte der Kodifizierung des Aromunischen“. Во Dahmen, Wolfgang; Holtus, Günter; Kramer, Johannes; Metzeltin, Michael; Schweickard, Wolfgang; Winkelmann, Otto (уред.). Romanische Kleinsprachen heute: Romanistisches Kolloquium XXVII. Tübinger Beiträge zur Linguistik (германски). 546. Narr Francke Attempto Verlag. стр. 42. ISBN 9783823378815.
  5. „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.