Црква „Св. Јован Претеча“ - Пожарско

црква во Пожарско, Мегленско

Свети Јован Претеча (грчки: Αγίου Ιωάννη του Προδρόμου) — црква кај селото Пожарско, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Јован Претеча
Αγίου Ιωάννη Προδρόμου
Поглед на црквата
Карта
40°58′45.59″N 21°54′31.73″E / 40.9793306° СГШ; 21.9088139° ИГД / 40.9793306; 21.9088139
МестоПожарско, Мегленско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршенасредина на XIX век
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска
Фреска од црквата

Според преданието, црквата е изградена околу 1800 г., но архитектонските особености укажуваат на средината на XIX век.[1][2] Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем на запад и југ. Има три влеза — два од југ и еден од запад. Прозорците се мали.[1] Самостојната кула-камбанарија на запад од храмот подоцна е урната.[2] Женската црква на запад има убав дрвен парапет со решетки. Столбовите се дрвени и малтерисани. Царските двери се резбани.[1] Црквата е живописана во последните десетлетија на XIX век.[2] Над јужниот влез однадвор има фреска на покровителот Јован Претеча. Забележителна е преносливата икона на Архангел Михаил од 1871 г.[1]

Црквата е прогласена за историски споменик на 5 април 1999 г.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Άγιος Ιωάννης στο Άνω Λουτράκι“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-04-21. Посетено на 21 април 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/11358/374/16-3-1999 - ΦΕΚ 312/Β/5-4-1999“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-18. Посетено на 20 октомври 2014.

Надворешни врски

уреди