Црква „Св. Ѓорѓи“ - Солун (XVI век)

црква од XVI век во Солун

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија, метох на светогорскиот манастир Григоријат.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Поглед на црквата
Карта
40°38′1″N 22°57′9″E / 40.63361° СГШ; 22.95250° ИГД / 40.63361; 22.95250
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1591

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа недалеку на запад од Ротондата, на улица „Апостолос Павлос“.[1][2]

Историја

уреди
 
Иконографија од црквата

Откако Османлиите завладеале со градот, тие го претвориле храмот „Св. Архангели“ (Ротонда) во џамија. „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1591 г. и во неа се пренесени сите свети работи и иконите од „Св. Архангели“. Првично била под управа на Солунската епархија и му припаѓала на мал манастир. Во 1700 г. преминала под манастирот Григоријат на Сета Гора, станувајќи негов метох. Во 1758 г. солунскиот митрополит Гаврил III го потврдил правото на сопственост на Григоријат врз „Св. Ѓорѓи“, но црквата постепено пропаднала поради негрижа. Во 1815 г е направена основна обнова. Денес црквата е наполно обновена градба без архитектонски забележителности.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Γεώργιος“. Οδηγός Κεντρικής Μακεδονίας. 20 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2018-01-07. Посетено на 6 јануари 2018.
  2. „Άγιος Γεώργιος“. Parallel and Distributed Processing Laboratory, University of Macedonia. Архивирано од изворникот на 2022-07-26. Посетено на 6 јануари 2018.

Надворешни врски

уреди