Црква „Св. Ѓорѓи“ - Какара

црква во Какара, Серско

Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Какара, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
41°0′40.1″N 23°39′3.6″E / 41.011139° СГШ; 23.651000° ИГД / 41.011139; 23.651000
МестоКакара, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабка базилика
Изградба1924 - 1925
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Црквата се наоѓа во центарот на селото. Почнала да се гради на 5 мај 1924 г., а првата литургија е отслужена на 15 август 1925 г. Градбата претставува трикорабна сводеста базилика. Во 1987 – 1989 г. се направени неколку зафати: додадена е припрата, дел од храмот е живописан и изградени се крстилница и трапезарија.[1]

Во парохијата влегува и храмот „Св. Петка“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.