Црква „Св. Архангел Михаил“ - Непроштено

црква во селото Непроштено

Св.Архангел Михаил — православна црква, една од трите во тетовското село Непроштено.

Свети Архангел Михаил
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Втора тетовска
Местоположба

Карта

Координати 42°3′17″N 21°1′4″E / 42.05472° СГШ; 21.01778° ИГД / 42.05472; 21.01778
Место Непроштено
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 13 век
Ктитор Раден и Никола (16 век)
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Сместена на височинка, веднаш над Непроштено, црквата „Свети Архангел Михаил" изградена е во 13 век и според преданијата од постарите жители на селото црквата била подигната врз стари темели, што упатува дека на овој простор имало црква уште од раните христијански времиња. Црквата "Свети Архангел Михаил ја красат и стари фрески и икони кои се непроценливо богатство за овдешните жители. Црквата има и трпезаријата подигната во слава и чест на Архистратегот Михаил.

Во времето на воените дејства од 2001, на покривот на црквата паднал проектил. Таваницата била разурната, а sидовите напукнати. Но, иконостасот, бил целосен. Подоцна штетите биле санирани[1].

Наводи

уреди
  1. „ДОСИЕ: ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦЈА НА КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО ОШТЕТЕНО ВО ВОЈНАТА“. Вест. 8 јануари 2002. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2010-01-23.