Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Штавица

црква во селото Штавица

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Штавицацрква на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Преспанско-пелагониска епархија, Прилепско архијерејско намесништво, Прилепечка парохија во село Штавица, општина Прилеп[1]. Таа е главна селска црква во селото.

Рождество на Пресвета Богородица

Црквата Рождество на Пресвета Богородица во Штавица

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечка
Местоположба

Карта

Место Штавица
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Богородица
Изградба 1881 година
Архитектонски опис

Историја

уреди
 
Отец Анастас Налетоски

Црквата била изградена во 1881 година. Црквата била изградена благодарение на парохискиот свештеник Анастас Налетоски, а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.

Опис

уреди

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица е еднокорабна, со полукружна апсида на источната страна, која надвор е расчленета на осум слепи ниши. Северниот и јужниот ѕид се со пиластри и се расчленети на плитки ниши.[2].

Наводи

уреди
  1. Карта на верски објекти во Република Македонија Архивирано на 24 јануари 2014 г. на семрежното место на Комисијата за односи со верските заедници
  2. ЦРКВА „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“, СЕЛО ШТАВИЦА на семрежното место на Олд Прилеп