Црква „Живоносен Извор“ - Сер
црква во Сер, Егејска Македонија
Живоносен Извор (грчки: Ιερός Ναός Ζωοδόχου Πηγής) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Живоносен Извор | |
---|---|
Ζωοδόχου Πηγής | |
41°4′51″N 23°31′35″E / 41.08083° СГШ; 23.52639° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | куполна базилика |
Изградба | 1978 - 1988 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиЦрквата се наоѓа на западниот крај на градот и е храм на Вторите серски гробишта. Камен-темелникот на храмот е поставен на 22 септември 1978 г. и изградбата завршила десет години подоцна. Отворен е од митрополитот Максим Серски. Градбата претставува базилика со купола.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Ζωοδόχου Πηγής“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2017-11-15. Посетено на 13 декември 2017.