Црква „Вознесение Христово“ - Граешница
Вознесение Христово (или Св. Спас) — главна селска и гробишна црква во битолското село Граешница, Македонија.[1]
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°54′5″N 21°20′36″E / 40.90139° СГШ; 21.34333° ИГД |
Место | Граешница |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Вознесение Христово |
Изградба | 1860 |
Живопис | 1868 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самото сретсело.[2]
Историја
уредиОвој храм бил изграден во 1860 година,[2] што го дознаваме од записите над јужниот влез во храмот, како и врз фасадата на камбанаријата. Таа била подигната во време на митрополитот Венедикт, кој управувал со Пелагониската митрополија.[3]
Архитектура
уредиПо својот архитектонски облик претставува трикорабна градба со тремови на јужната и делумно на западната страна. Над западниот влез, црквата е надвишена од високата камбанарија.[3]
Со внатрешноста на градбата се комуницира преку јужниот и западниот влез. Централниот дел од градбата е поделен на три кораби, со два реда од по неколку столбови.[3]
Фрескоживопис
уредиЗа разлика од страничните равни таваници, над централниот кораб се надвишуваат неколку слепи калоти насликани со ѕидно сликарство. Во едната од нив, каде е поставена допојасната претстава на Христос Седржител, испишана е годината 1868. На сводните партии насликано е уште допојасјето на Хростос Емануил, а над олтарниот простор се монументалните фигури на св. Тројца. Во нишата од апсидата сочувани се мали остатоци од допојасната претстава на св. Богородица, а во долниот дел се архиереите: св. Василиј, св. Григориј, св. Спиридон, св. Никола, св. Атанасиј и св. Јован Златоуст. Малата ниша од протезисот е исполнета претставата на мртвиот Христос.[3]
Иконостас
уредиНаосот од црквата е издвоен од олтарниот простор со иконостас врз кој се поставени три реда на икони. Најдолниот, основен ред го сочинуваат престолните икони, а во горните две зони се поставени икони со претстави на апостолите, други поединечни светители и претстави, како и сцени од Великите празници. Врз позадината од престолната икона на св. Богородица со малиот Христос, зографот испишал поопширен авторски запис од 1884 година во кој соопштува дека иконата е дело на Димитар Анастасов од селото Магарево. Според стилскиоликовните карактеристики, изгледа дека повеќето икони од иконостасот се негови дела. Нему можат да му се припишат и иконите од певницата подигната на еден од северните столбови во наосот, со повеќе икони на Исус Христос, евангелистите и ѓаконите од 1884 година.[3]
Галерија
уреди-
Предниот дел
-
Гробиштата околу црквата
-
Камбанаријата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Влезната порта
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 204-206. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2024-08-17.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Граешница на Ризницата ?