Црква „Вознесение Христово“ - Гевгелија

црква во градот Гевгелија
Ова е објавената верзија, проверена на 4 февруари 2022. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Вознесението Христово попозната само како Свети Спас претставува македонска православна црква во Гевгелија.[1] Таа претставува главна црква на Гевгелискиот манастир.

Вознесение Христово
Св. Спас

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Прва гевгелиска
Местоположба

Карта

Место Гевгелија
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба 1842
Архитектонски опис
Архит. тип петокорабна

Црквата се наоѓа во југоисточниот дел на Гевгелија. Таа воедное е и најстарата црква во градот и според преданието е изградена во 1842 година. До почетокот на Првата балканска војна била неколкупати доградувана и реновирана. Според својата архитектурна форма, црквата е петокорабна, со дрвени рамни тавани, потпрени со нови четвртести колони. Покривната конструкција е на две води. Од западната страна има отворен трем, во чија северна страна се наоѓа камбанаријата. Црквата е зографисана, но во неа нема насликано постар фреско-живопис. Иконостасот е нов, со три реда икони. Иконографскиот репертоар го сочинуваат: престолните икони, иконите на големите празници и иконите на светите апостоли. Во 2006 година, е извршна реконструкција на тремот со масивен камен и нов покрив од ќерамиди.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.