Катедрала на Светиот Дух

(Пренасочено од Црква на Светиот Дух)

Катедралата на Светиот Дух, алтернативно позната како "Свети Есприт“ (турски: Saint Esprit Kilisesi; италијански: Cattedrale di Santo Spirito) се наоѓа на булевар Кумхуриет, 205/B, во населбата Шишли, помеѓу плоштад Таксим и Нишантаси, во Истанбул, Турција. Оваа катедрала е т.н. главна катедрала на Римокатоличката црква во градот. Таа е втора по големина римокатоличка црква во градот по црквата Свети Антониј Падуа, која се наоѓа на булевар Истиклал во Бејоглу.

Катедрала на Светиот Дух
Saint Esprit Kilisesi
Cattedrale di Santo Spirito
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Соборниот храм бил изграден во стил на барок, во 1846 година под раководство на швајцарско-италијанскиот архитект Џузепе Фосати и неговиот колега Џулиен Хилереу[1]. Катедралата на неколкупати била посетувана од страна на римскиот папа, и тоа од страна на Папа Павле VI, Папа Јован Павле II и Папа Бенедикт XVI.

Во дворот на катедралата стои статуа на Папа Бенедикт XV.

Наводи уреди

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-01-13. Посетено на 2010-01-02.

Надворешни врски уреди